во

Остра порака од Сиљановска-Давкова: Злоупотребата на ветото и идентитетските уцени се спротивни на начела на ЕУ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати јасна и остра порака до европските претставници дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања го поткопуваат самиот темел на Европската Унија.

Заштита од ирационални опструкции

На средбата со европратеникот и постојан известувач за Македонија, Томас Вајц, и шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас, се разговараше за можностите за деблокада на пристапниот процес во пресрет на новиот извештај на Европската комисија.

Супер Попуст -25%

Сиљановска-Давкова отворено ги поздрави напорите на Вајц за објективен пристап и неговиот јасен став дека билатералните прашања мора да бидат целосно одвоени од формалниот процес на пристапување. Според неа, клучно е динамиката на интеграцијата да се забрза и институционално да се заштити од ирационални опструкции, давајќи му предност на принципот на реални заслуги.

Прекршување на Договорот за ЕУ

Претседателката директно се повика на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, кои гарантираат почитување на националниот идентитет и обврзуваат на искрена соработка меѓу земјите-членки.

„Злоупотребата на ветото и билатералните условувања кои се врзани со идентитетот, историјата и јазикот, се во директен судир со овие европски одредби“, констатираше Сиљановска-Давкова.

Таа потсети на досега невидените и тешки компромиси што државата ги направи во изминатите децении во име на европската иднина, изразувајќи разочарување што не само што не е остварено членството, туку не се ни започнати преговорите.

Вајц повикува на пријателски чекори

Од своја страна, европратеникот Вајц ја истакнал својата неутралност и добра намера. Тој детално ја запознал претседателката со активностите преземени околу македонско-бугарските релации, посочувајќи на реалната доминација на политиката во овие процеси.

Вајц ја потврди цврстата решеност на ЕУ за проширување, но истовремено укажа на потребата од преземање пријателски чекори од двете страни со цел надминување на актуелната блокада.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дипломатска офанзива во ОН: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан

Ноќ на терор во Киев: Балистички ракети однесоа човечки животи, остатоци паднаа врз породилиште