во ,

Осум нови министри влегоа во Владата: Ново темпо или подготовка за избори?

Осум нови министри влегуваат во Владата во обид да внесат поголема динамика во спроведувањето на владините политики. Реконструкцијата доаѓа на половина од четиригодишниот мандат и веднаш отвори нов политички фронт.

Мицкоски: Функцијата не е привилегија

Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците порача дека министерската позиција не смее да се сфати како привилегија. Според него, таа претставува сериозна обврска кон граѓаните.

Супер Попуст -25%

Новите министри, како што рече, мора да работат одговорно, транспарентно и посветено. Од нив се очекуваат конкретни резултати, продолжување на развојните процеси и зајакнување на институциите.

Мицкоски нагласи дека избраните кадри доаѓаат од различни професионални средини, но имаат иста задача – да ја оправдаат довербата што им е дадена.

Опозицијата ја напушти салата

Новите министри беа избрани со гласовите на парламентарното мнозинство. Опозициските партии не учествуваа во гласањето, откако претходно ја напуштија пленарната сала.

Од опозицијата обвинија за навредлив речник и недолично однесување од претставници на власта за време на собраниската расправа.

СДСМ, ДУИ и Алијансата бараат извинување

Координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците побараа јавно извинување од премиерот Мицкоски и од новоизбраниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.

Тие тврдат дека кон нивни пратеници биле упатени навредливи зборови. Власта, пак, очекува кадровските промени да донесат побрзо спроведување на најавените политики.

Реконструкција или подготовка за избори?

Владината реконструкција веќе предизвика различни политички толкувања. Опозицијата смета дека промените се дел од поширока стратегија и можен вовед во предвремени парламентарни избори.

Засега нема официјална потврда за такво сценарио, иако во јавноста се почесто се споменува можноста избори да се одржат во текот на следната година.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Речиси 900 милиони евра за Газа: Почнува големата битка за обнова на уништената енклава

Ескалација во Ормускиот Теснец: Иран погоди два танкера, САД го засилија нападот