Сакате да уживате во недопрена природа и спектакуларни пејзажи, мир и тишина, но и во одлично швајцарско сирење? Тогаш Гимевалд е идеално место за вас.
Селото се издигнува на 1367 метри над долината Лаутербрунен и помеѓу планините Шилторн и Јунгфрау.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
До ова место кое се наоѓа во кантонот Берн не може да се стигне со автомобил. Поради недостаток на патишта до Гимевалд се стигнува со жичарница, а постои и екстремна планинска рута опремена со челични скали која го поврзува со соседното село Мурен.

Недостатокот на традиционален сообраќај не ги загрижува нешто повеќе од 130-те жители кои постојано живеат таму. Тие се навикнати на бавното темпо, како и на реченицата која патниците ја изговараат секој пат кога ќе дојдат на посета: “Не верувам дека постои нешто вакво”.
Жителите на Гимевалд се занимаваат со земјоделство, сточарство и туризам, а во секој дом може да се купи сирење што се прави од домашно млеко. Постарите жители велат дека во селото има повеќе крави отколку поштенски сандачиња.

Довербата и заедништвото кои владеат во Гимевалд се толку моќни што населението ќе ви дозволи да влезете во нивниот дом без да тропнете, да си изберете и да земете сирење по желба, а потоа да оставите пари. Тие се уверени дека луѓето се чесни и дека нема да ги измамат.
Некои го нарекуваат Гимевалд и “најдобро чуваната тајна на Швајцарија”. Тоа е едно од ретките преостанати места во оваа европска земја во која се живее без преголем стрес, онака како што живееле нивните прадедовци и прабаби.





