
Денот Д за СДСМ: Утре се бира новото раководство, Филипче најави „спој на младост и искуство“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре, 16 декември, влегува во клучна фаза од својата внатрешна реформа. Партијата треба официјално да ги избере новите потпретседатели и новиот состав на Извршниот одбор. Лидерот Венко Филипче потврди дека списокот со имиња е веќе подготвен, но истиот се чува во тајност и ќе ѝ биде соопштен на јавноста дури по завршувањето на утрешната постапка во партиските тела. Тој најави дека новиот тим ќе биде „нова сила“, внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе.
„Ново поглавје“ по масовните оставки
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Овој избор доаѓа како директна последица на „големата метла“ од почетокот на месецов, кога на барање на Филипче, целото потесно раководство – вклучувајќи ги заменичката, потпретседателите и секретарите – поднесе оставки како чин на солидарност. Според партијата, целта е отворање на „ново поглавје“ и создавање на широка платформа за опозициско делување. Филипче истакна дека со новиот тим планира да отвори „широк фронт“ со граѓаните и граѓанскиот сектор за борба против, како што ја нарекува, „криминалната власт“.


