
Здрава алтернатива во калап за мафини
Посебна предност на овој рецепт е тоа што смесата се пече во калапи за мафини, па добивате мали, поединечни пити кои лесно се сервираат и се идеални за носење на работа или на училиште. Подготовката не бара посебни кулинарски вештини – доволно е само да го сварите просото и рерната да го заврши останатото.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 50 г просо во зрно
- 30 г суво месо (печеница)
- 20 г фета сирење
- Неколку шери домати
Начин на подготовка
Најпрво сварете го просото според упатството на пакувањето, а потоа добро исцедете го. Многу е важно да не остане вишок вода за смесата да ја задржи потребната густина.
Во подлабок сад изматете ги јајцата, па додадете го свареното просо, ситно исечканото суво месо и издробеното фета сирење. Сè добро измешајте за состојките рамномерно да се распоредат.
Исечете ги шери доматите на помали парчиња и нежно вмешајте ги во подготвената смеса. Потоа рамномерно распоредете ја смесата во шест калапи за мафини.
Печење и сервирање: Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, односно додека мафините не добијат убава златна боја. Оставете ги кратко да се изладат пред да ги извадите од калапите. Служете ги топли со свежа салата или чаша јогурт!


