во , ,

Португалија го отвори еден од најдолгите пешачки мостови во светот

Ако барате уникатно место за посета, Северна Португалија има што да понуди – од зачудувачки природни предели до живописни градови. Сега, геопаркот Арука нуди уште една одлична дестинација за патување.

„516 Арука“ е нов пешачки висечки мост за кој креаторите тврдат дека е најдолгиот во светот – 516 метри. Се наоѓа на 175 метри над реката Паива и се држи на рабовите на две карпи.

Мостот го дизајнирал „Итеконс“, португалско студио за инженерство и дизајн, а го завршил „Кондурил“.

Реклама

Дизајнерскиот тим користел две монументални кули во форма на буквата „V“ за да ја поддржат конструкцијата на двете карпи. Остатокот од дизајнот, вклучително и палубата и оградите, се изработени од метални решетки кои помагаат да се зачува неверојатниот поглед на природата –  ако не сте љубител на височини, не треба да гледате надолу.

Иако 516 метри се многу за пешачење, сепак, има несогласувања околу тврдењето на „516 Арука“ дека тоа е најдолгиот пешачки висечки мост. Пешачкиот мост „Баглунг Парбат“ на Непал веројатно е вистински рекордер со должина од 567 метри.

Но, бидејќи новиот дизајн е осмислен за пешаци со палуба поткрепена со кабли (за разлика од палубата на „Баглунг Парбат“), тимот кој го создаде и дизајнира мостот „516 Арука“ смета дека титулата е негова.

– Мостот е најголем во светот, како што отсекогаш велевме. Со 516 метри во должина, надморска височина од 175 метри, мостот е најголем во однос на градбата и има поголем капацитет – вели тимот.

Ако сакате да го видите мостот, повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на мостот, како и одлични совети за тоа каде да престојувате и да јадете во текот на вашата посета.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Невиден срам на 4 девојки! Не ја платиле сметката и си заминале од кафулето, но потоа…

20 Вознемирувачки стрипови кои прикажуваат досега невидена страна на популарните ликови