во ,

Проверете ги сметките: Исплатени 552 милиони денари од „Мој ДДВ“, еве кога ќе стигнат останатите!

Исплатата на „Мој ДДВ“ е во полн ек: На сметките на граѓаните веќе легнаа 552 милиони денари, се подготвуваат уште 370 милиони.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, информираше дека заклучно со вчера се исплатени над половина милијарда денари. Сепак, таа предупреди дека кај некои граѓани може да има застој во исплатата, најчесто поради технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што се невалидни трансакциски сметки.

Вратени 500 милиони евра на фирмите, но и засилени контроли

Супер Попуст -25%

Во однос на стопанството, реализиран е поврат на ДДВ од скоро 500 милиони евра. Петрова нагласи дека се вршат строги контроли за да се заштити буџетот од неосновани исплати, откривајќи дека во периодот јануари-октомври се утврдени дополнителни 60 милиони евра данок кој не бил правилно пресметан или пријавен од даночните обврзници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕКСПЛОЗИЈА НА РАЗВОДИ: Бројот на растурени бракови скокна за вртоглави 27,7%!

Русија со ултиматум до „Мета“: Или почитувајте ги нашите закони или „Воцап“ заминува во историјата!