
Состојки за вистински гастрономски хит
За овој рецепт (предвиден за 4 лица) најдобро е да користите пилешки копани и поткопани, бидејќи при бавното крчкање месото останува исклучително меко и сочно. Еве што сè ви е потребно:
- За рагуто: 800 г пилешки копани и поткопани (без коски), 2 главици кромид, 3 чешниња лук, 1 морков, 2 лажици доматно пире, 1 лажица блага црвена пиперка, ½ лажичка лута пиперка, 400 мл пилешки бујон, 150 мл павлака за готвење, 2 лажици масло, 20 г путер, 2 ловорови листа, ½ лажичка сува мајчина душица (тимијан), сол и бибер по вкус.
- За сервирање: 500 г њоки и 2 лажици свеж магдонос.
Начин на подготовка
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Пилешкото месо исечете го на покрупни парчиња и зачинете го со сол и бибер. Во пошироко тенџере загрејте ги маслото и путерот, па запржете го месото во неколку тури, само колку да добие убава румена боја од сите страни. Потоа, извадете го во чинија.
На истата маснотија динстајте ги ситно исечканиот кромид и морковот околу десетина минути, додека убаво не омекнат. Додадете ги лукот, благата и лутата пиперка и доматното пире, добро промешајте и кратко пропржете за состојките да ги ослободат своите ароми.
„Вратете го пилешкото месо во тенџерето, додадете ги ловоровиот лист, мајчината душица и бујонот. Поклопете и оставете да се крчка на тивка температура околу 35 минути. Потоа тргнете го капакот и варете уште 10-15 минути за течноста да се редуцира, а сосот да стане убаво густ.“
На самиот крај, вмешајте ја павлаката за готвење и варете уште неколку минути, внимавајќи сосот да не зоврие силно. Пробајте го и доколку е потребно, дополнително зачинете. Во меѓувреме, сварете ги њоките според упатството на ќесичката, исцедете ги и послужете ги со обилна порција од топлото пилешко рагу, обилно наросено со ситно сечкан свеж магдонос.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








