
Два танкера погодени со крстосувачки ракети
Според Министерството за одбрана на ОАЕ, танкерите „Момбаса“ и „Ал Бахија“ биле нападнати додека се движеле по јужната пловна рута во водите на Оман.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
По ударите избувнале пожари на двата брода, но екипажите успеале да ги стават под контрола. Меѓу повредените имало шестмина индиски и двајца украински државјани.
Иран ја презеде одговорноста
Иранската револуционерна гарда потврди дека ги погодила танкерите. Техеран тврди дека бродовите ги игнорирале предупредувањата и продолжиле да пловат низ забранета и опасна област.
ОАЕ го осуди нападот како сериозно кршење на меѓународното право и закана за безбедноста на меѓународната пловидба.
Трамп најави блокада и надомест од 20 проценти
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД повторно воведуваат блокада на иранските пристаништа. Тој најави и надомест од 20 проценти од вредноста на товарот за бродовите што ќе минуваат низ Ормускиот Теснец под американска заштита.
Трамп порача дека американските сили го напаѓаат Иран „многу силно“, но истовремено тврдеше дека постигнувањето договор сè уште е можно. Иран возврати дека ќе остане чувар на Теснецот.
Нафтата поскапе по новата ескалација
Стравот од прекин на транспортот веднаш ги крена цените на енергентите. Во текот на тргувањето, суровата нафта Брент надмина 85 долари за барел, додека американската нафта се искачи над 80 долари.
Трговците стравуваат дека продолжувањето на нападите може дополнително да го намали движењето на танкерите и да го загрози снабдувањето преку една од најважните светски енергетски рути.


