
Најпогодени се повозрасните граѓани и Скопје
Според податоците од ИЈЗ, болеста убедливо најмногу го погодува главниот град, од каде што доаѓаат 63 од вкупниот број пациенти. Останатите случаи се од Велес, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово. Речиси сите случаи (69) се автохтони, односно заразата е пренесена локално, преку каснување од заразен комарец на територијата на државата.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Статистиката покажува јасна демографска слика – вирусот многу почесто ги напаѓа мажите (74,3%) отколку жените. Најранлива категорија се повозрасните граѓани, при што дури 57 пациенти (81,4%) се на возраст над 60 години, додека просечната возраст на сите заболени изнесува 66,5 години.

Тешка клиничка слика и смртни последици
Загрижува фактот што речиси сите заболени (68 лица) развиле невроинвазивна форма на болеста која барала задолжителна хоспитализација, најчесто на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
„До 22 септември 2026 година, регистрирани се 9 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест, што претставува леталитет од 12,8%. Сите починати се од машки пол, со просечна возраст од 71 година, а дури кај осуммина биле регистрирани претходни коморбидитети.“
Од средината на август на сила е прогласена епидемија на западнонилска треска во скопските општини Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Од хоспитализираните пациенти, досега 50 се успешно излекувани и испишани по просечно 14-дневно лекување, додека 9 пациенти сè уште се наоѓаат на болничка нега.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







