
Тајната на овој рецепт лежи во правилното редење на состојките. Сложувајте ги состојките во повеќе тенки слоеви за вкусовите рамномерно да се поврзат за време на печењето. Откако ќе се испече, оставете го јадењето десетина минути да „одмори“ пред сечење, за да можете полесно да послужите уредни порции.
Потребни состојки (за 4 лица):
- 500 г мелено јунешко месо
- 4 тортиљи
- 1 главица црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 150 г пченка шеќерац
- 100 г грашок
- 1 црвена пиперка
- 400 г пелати (доматен сос)
- 250 г кашкавал
- 2 лажици масло
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка кумин
- Со, бибер и магдонос по желба
Начин на подготовка:
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Чекор 1: Загрејте го маслото, па пропржете го ситно исечканиот црвен кромид и лукот. Додадете го меленото месо и пржете додека не ја промени бојата.
Чекор 2: Потоа, измешајте ги исечканата пиперка, пченката, грашокот, пелатите и зачините (солта, биберот, црвениот пипер и куминот). Гответе десетина минути со повремено мешање додека сосот благо не се згусне.
Чекор 3: Обложете го дното на огноотпорен сад со тортиљи, распоредете дел од филот со месото и посипете со рендан кашкавал. Повторувајте ја постапката на редење (тортиља, фил, кашкавал) додека не ги потрошите сите состојки. Важно е да завршите со богат слој рендан кашкавал на врвот.
„Печете околу 30 минути во загреана рерна на 190 степени. Кога е готово, оставете го јадењето да отстои десет минути, па посипете со свежо исечкан магдонос и послужете.“


