во

Русија децидна: За прекин на огнот ќе преговараме само со САД и Киев, Европа е исклучена

Русија категорично ја отфрли можноста за учество на европски преговарачи во разговорите за прекин на огнот, нагласувајќи дека дијалогот ќе се води исклучиво во трилатерален формат со Украина и Соединетите Американски Држави.

Блискиот Исток ги одложува мировните преговори

Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика во Кремљ, посочи дека времето за одржување на нови преговори за решавање на војната во Украина е директно поврзано со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека средбата ќе се одржи во Абу Даби меѓу 6 и 10 ноември, Москва смета дека тоа не е реално во моментов.

Супер Попуст -25%

„Гледате каква е моменталната ситуација на Блискиот Исток. Таа едноставно не дозволува одржување на средба во блиска иднина. Тоа ќе зависи и од ситуацијата на фронтот, како и од општите околности“, изјави Ушаков, алудирајќи на тензиите во кои се вклучени САД, Израел и Иран.

 

Европа останува на маргините

И покрај иницијативите од лидерите на Велика Британија, Германија и Франција за европско вклучување во мировниот процес меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ ја затвори вратата за таква опција. Соединетите Држави остануваат единствениот клучен посредник, додека европските земји – иако најголеми воени поддржувачи на Киев – остануваат на маргините на преговарачкиот процес.

Овој став доаѓа иако Ушаков за време на викендот навести дека европскиот став би можел да биде од клучно значење, но сега прецизираше дека за нивно директно учество на масата воопшто не се дискутирало ниту за време на неодамнешните телефонски разговори на Путин со европските лидери.

„За тоа воопшто нема говор, за тоа дури и не се размислува. Во моментов постои договор само за продолжување на трилатералните консултации во кои учествуваат претставници на Русија, Украина и Соединетите Држави“, дециден е Ушаков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордни 356 милиони евра: Општините во изборната 2025 потрошиле на тендери колку во претходните две години заедно

Трамп за ситуацијата во Бразил: Не се мешам, но кон семејството Болсонаро постапија многу неправедно