во ,

Светлосното загадување ги тера птиците да пеат 50 минути подолго

Вештачката светлина го нарушува животот на птиците: пеат 50 минути подолго од природното

Големо истражување откри дека светлосното загадување го менува ритамот на птиците ширум светот, со потенцијални последици по нивното здравје и опстанок.

Според студија објавена во списанието „Сајенс“, вештачкото осветлување ја продолжува песната на птиците за околу 50 минути дневно. Научници од Универзитетот на Јужен Илиноис и Државниот универзитет Оклахома анализирале податоци за повеќе од 500 вида птици во различни региони и сезони, откривајќи дека прекумерната употреба на светлина значително влијае врз нивниот природен ритам.

Супер Летен Попуст

Истражувањето е дел од проектот „Брдведр“, кој комбинира автоматско следење на биодиверзитетот, вештачка интелигенција и записи од волонтери. Податоците покажуваат дека околу 23% од земјината површина денес е под влијание на светлосно загадување, што го нарушува циклусот ден-ноќ и предизвикува промени во биолошките процеси.

Особено чувствителни се птиците со поголеми очи и оние што прават гнезда на отворени места. Иако научниците сè уште испитуваат какви се долгорочните последици, загриженоста расте дека оваа промена може да влијае врз здравјето и репродукцијата на птиците.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хрватските хотели под притисок: раст на трошоци и одлив на туристи

Што значи бела крпа на ретровизорот од автомобилот