во ,

Светот во 2050: Границите меѓу човекот и машината ќе исчезнат

Киборзи, дигитални близнаци и лекови од вселената: Како ќе изгледа светот во 2050?

Од „дајл-ап“ интернет до вештачка интелигенција за само 25 години – технологијата галопира. Но, што нè чека во наредните 25? Експертите за Би-Би-Си предвидуваат свет каде границата меѓу човекот и машината исчезнува. Професорот Стивен Брамвел тврди дека нано-имплантите ќе станат секојдневие за следење на здравјето, додека кибернетичарот Кевин Ворвик оди чекор понатаму: „Мозокот и телото ќе можат да бидат на различни места“, благодарение на електронска стимулација.

Вашиот „Дигитален близнак“ оди на доктор наместо вас

Супер Попуст -25%

Можеби најреволуционерната идеја доаѓа од Роџер Хајфилд: секој човек ќе има свој „дигитален близнак“ – виртуелна копија која се ажурира во реално време. Наместо да ризикувате со нови лекови, докторите ќе ги тестираат терапиите врз вашата дигитална копија.

Крај на сообраќајниот метеж и фабрики на Месечината

До 2050 година, автономните возила ќе ги елиминираат сообраќајните гужви, а фармацевтската индустрија можеби ќе се пресели во – вселената. Поради микрогравитацијата, орбитата или базите на Месечината ќе станат идеални места за производство на специфични лекови. Образованието ќе биде хибридно, со ВИ-наставници кои се прилагодуваат на биометриските податоци на секое дете посебно.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Внимавај на својот грб“: Трамп со директна закана до претседателот на Колумбија

Од „челична тупаница“ до папучи: Мадуро снимен како куца додека го носат во затвор во Бруклин