
Трамп отвори нов фронт: „Петро, внимавај на себе, ти произведуваш кокаин!“
Тензиите не запираат со апсењето на Мадуро. Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна и недвосмислена закана кон претседателот на Колумбија, Густаво Петро. „Тие произведуваат кокаин и го испраќаат во САД, затоа и тој мора да внимава на себе“, изјави Трамп, ставајќи ја Колумбија во ист кош со Венецуела како непријателска „нарко-држава“.
Колумбија бара итна седница на ОН: Објавени снимки од цивилни жртви
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Густаво Петро не остана должен. Тој веднаш побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, осудувајќи ја агресијата врз суверенитетот на Латинска Америка. Како одговор на американските тврдења за „чиста акција“, Петро на платформата „Х“ објави вознемирувачко видео од автомобил во пламен, тврдејќи дека тоа е доказ за цивилни жртви предизвикани од американските напади во Венецуела.


