во

СДСМ бара истрага против Мицкоски и Славески по стечајот на Алта банка во Србија

Опозициската партија СДСМ побара од Јавното обвинителство веднаш да покрене кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај за Алта банка.

Блокирани сметки и наводни притисоци врз компании

Според тврдењата на опозицијата, со одлуката за стечај на Алта банка се блокирани средства на бројни граѓани и компании, а меѓу оние кои имале депозити во банката се наоѓале и државни претпријатија. Од СДСМ дополнително обвинуваат дека компаниите кои соработувале со државата добивале директни налози својот капитал и соработка да ги насочат токму преку оваа финансиска институција.

Супер Попуст -25%

Партијата потсетува дека изминатиот период постојано алармирала за работењето на банката, поврзувајќи ја со српскиот претседател Александар Вучиќ и обвинувајќи за „криминален капитал со сомнително потекло“.

 

Повик за одговорност на институциите

СДСМ ги прозва надлежните институции – Обвинителството, Народната банка и Финансиската полиција – дека со месеци молчеле и не преземале ништо, со што, според нивните тврдења, директно го штителе премиерот Мицкоски и, како што велат, неговата „организирана криминална група во соработка со сестринската СНС“.

Од партијата инсистираат истражните органи уште денеска да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот и утврдување на евентуална одговорност кај државниот врв.

„Нема бегање сега. Мицкоски и неговата банда мораат да одговараат за штетата што им ја нанесоа на граѓаните на Македонија и на угледот на државата“, децидни се од СДСМ во своето партиско соопштение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алиштата ви се сушат со денови во зима? Направете го ова веднаш штом ќе заврши машината

Институционална криза во Полска: Полиција го опколи Уставниот суд, Навроцки итно се врати од Сенегал