
Бегство без пасоши и граница како „швајцарско сирење“
Во партиското соопштение, СДСМ прашува како е можно лице со одземен македонски и бугарски пасош непречено да ја напушти државата. Опозицијата остро реагираше и на неодамнешната изјава на министерот Тошковски, кој состојбата на државната граница ја спореди со „швајцарско сирење“.
- „Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење“, велат од СДСМ.
- Партијата обвинува дека границата е „решето за криминалци и бегалци од правдата“, а за тоа никој не понесува одговорност.
Договор „под радар“ и барање за оставка
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
СДСМ смета дека отсуството на одговори и санкции укажува на тоа дека премиерот свесно го штити првиот човек на полицијата. Според нивните тврдења, јавноста е сведок на таен договор кој овозможил непречено бегство на Михајлова.
„Сега на сите им е јасен договорот под ‘радар’ за пуштање на Михајлова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски, сега народот гледа театар“, се заклучува во соопштението.


