во

Седум фемициди годинава: Колку жени требаше да бидат убиени за да се придвижат законските измени?

Седум регистрирани фемициди во текот на оваа година, протести и повторени повици за заштита. Во ваква атмосфера, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека во Собранието е доставено ново законско решение кое треба да овозможи итна реакција на полицијата. Сепак, јавноста прашува – зошто предлогот со месеци чека усвојување?

Измени на чекање додека жртвите се множат

Предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се во собраниска процедура уште од август. Во меѓувреме беше убиена уште една девојка, што повторно ги извади граѓаните на протест. Овие измени предвидуваат клучна промена: полицискиот службеник да може на самото место на интервенцијата да издаде усна наредба за итна заштита.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Мерките опфаќаат привремено отстранување на пријавениот сторител од домот, забрана за приближување и контакт со жртвата и нејзиното семејство. Полицијата има обврска во рок од шест часа да ја претвори усната во писмена наредба и да ја достави до судот, кој потоа мора да одлучи во рок од десет часа. Ваквата итност е неопходна за да се спречи ескалација, но не се рефлектира во брзината со која Собранието ги усвојува овие промени.

Електронски алки: Од „скапи“ до најавена мерка

Посебно внимание привлекува воведувањето на електронски алки за сторителите. Во април оваа година, Владата го отфрли претходниот предлог за алки, оценувајќи ги како „исклучително скапи“ без да приложи конкретни финансиски пресметки. Сега, министерот Тошковски ги презентира истите тие алки како дел од новото законско решение.

Во своето гостување на ТВ Сител, министерот најави дека дел од средствата собрани преку МВР би можеле да се искористат за оваа намена. Иако ова отвора можност за финансирање, јавноста и експертите бараат транспарентност – колку точно ќе чини системот, дали се обезбедени средствата и кога ќе почне неговата имплементација во пракса.

„Тошковски посочи дека дел од средствата што се собираат преку МВР би можеле да се користат и за оваа намена… јавноста сè уште треба да добие конкретен буџет и рок за воспоставување на системот.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милијарди форинти, евра и долари закопани во шуми: Голема полициска акција и заплена на пари во Унгарија

Мицкоски дециден: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно