во

Сите патишта низ Македонија се проодни: Екипите на „Македонија пат“ активно го чистат снегот на терен

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ Македонија се одвива по влажни коловози и сите патни правци се проодни, додека екипите на ЈП „Македонија пат“ со расположливата механизација активно го чистат снегот на терен!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци во моментов се проодни. Екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се излезени на терен и со расположливата механизација активно ги чистат патиштата од снег.

Засилени дежурства на критичните планински превои со сол и ризла

Од претпријатието информираат дека се ангажирани сите дежурни екипи, со посебен акцент на критичните планински превои, а подготвена е и целокупната потребна механизација, работници и доволни количества сол и ризла за одржување на безбеден и непрекинат сообраќај.

„Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи на чистење на патиштата и создавање услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија“, соопштија од претпријатието.

Апел до возачите: Задолжителна зимска опрема и внимателно возење

Од „Македонија пат“ упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да бидат крајно внимателни, задолжително да поседуваат зимска опрема во своите возила и да ја приспособат брзината на движење и начинот на возење кон актуелните услови на патиштата и временските прилики.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина започна координирано тестирање на новата 6G технологија во осум региони

Временска прогноза за утре: Облачно и студено време со повремени врнежи од снег