во ,

Сиљановска од Црна Гора: „Доста е со маратонот, време е ЕУ да ги отвори вратите!“

„Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора.

Таа истакна дека по долгата и маратонска интеграција, заедничката историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство. Сиљановска-Давкова нагласи дека пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено на Копенхагенските критериуми, а ЕУ мора да ги брани своите принципи и да не дозволува двојни стандарди кои го комплицираат процесот.

„Стопроцентно сме усогласени, заслужуваме шанса“

Супер Попуст -25%

Претседателката потенцираше дека Македонија во регионални рамки го надминува просекот на усогласеност со европското законодавство во сите шест кластери и е стопроцентно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. „Заслужуваме да бидеме охрабрени и да добиеме шанса за почеток на преговори“, рече таа, додавајќи дека членството е најдобриот начин за отпорност на регионот кон „трети центри на моќ“.

На форумот, на кој учествуваше и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, беше заклучено и дека земјите од регионот мора стратешки да се борат против феноменот на „одлив на мозоци“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПАДНА ДЕСНАТА РАКА НА ЗЕЛЕНСКИ: Андриј Јермак поднесе оставка по скандалот со „златниот тоалет“!

ЕКСПЛОЗИЈА НА РАЗВОДИ: Бројот на растурени бракови скокна за вртоглави 27,7%!