во ,

Скандал на граница: АХВ запре 50 тони ризична храна

АХВ стопираше 50 тони небезбедна храна: Месо и ореви вратени од граница

Контролите на граница повторно покажаа колку е важен надзорот врз храната што влегува во државата.

Спречен увоз на ризично месо

Супер Попуст -25%

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо од Парагвај.

Причината е тоа што месото потекнувало од објект кој не е одобрен од АХВ, што отвора сериозни сомнежи за неговата безбедност и квалитет.

Вратени и 22 тони ореви

Покрај месото, инспекторите спречиле и увоз на 22 тони ореви од Казахстан.

Кај оваа пратка биле утврдени неправилности во означувањето и отстапувања од пропишаните стандарди, поради што целата количина е вратена.

Засилени контроли

Од АХВ најавуваат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи на македонскиот пазар.

Апел до увозниците

Институцијата апелира увозниците строго да ги почитуваат законските правила, нагласувајќи дека здравјето на граѓаните е приоритет и нема да се дозволи компромис кога станува збор за безбедноста на храната.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Масакр во болница: Дарфур повторно во шок и крв

Од транзиција до топ 20: Како Полска ја освои светската економија