
СДСМ бара итна истрага: „Тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта е грабеж на народни пари“
Опозициската СДСМ упати остар повик до Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет за тендерот во АД Пошта, доделен на фирма поврзана со советник од партијата ЗНАМ. Според нив, станува збор за скандал тежок 1,2 милиони евра, за кој постојат докази обезбедени од „свиркач“ вработен во институцијата.
Шема со „фантомски“ хигиеничари: Се крадат по 300.000 евра годишно?
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Партијата тврди дека шемата функционира преку лажни дневници и фиктивни извештаи. Наводно, постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари, а други работат со скратено работно време, иако се исплаќаат како да се присутни цел ден. „Ако институциите молчат, тоа значи дека го штитат криминалот на ВМРО и ЗНАМ“, порачуваат од СДСМ, барајќи кривична одговорност за инволвираните.


