
Утрински минуси и ветер долж Повардарието
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2 степени, додека максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од четврток обилни врнежи, а за викендот дожд и снег
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува, па од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови од земјата каде се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар, додека во петок пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар се најавуваат во јужните и во источните делови. Поради ново заладување, во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.
„И утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег“, информираат од УХМР.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден







