
По драматична дојава од американското ФБИ, македонските специјалци од единицата „Тигар“ спречија крвав масакр, откако во тетовска Мала Речица уапсија дваесетгодишно момче кое планирало масовно убиство.
Според информациите од МВР, осомничениот К.Х. (20) преку платформата „Discord“ објавил застрашувачка закана дека е подготвен да пука со автоматска пушка Калашников (АК-47). Тој самиот признал дека има нарушено психичко здравје, а негов мрачен идол бил Адам Ланза – убиецот кој во 2012 година застрела 26 лица, меѓу кои 20 деца, во училиште во САД.
Аларм од Американската амбасада и филмски упад
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Откако Американската амбасада во Скопје предала итно барање од ФБИ за лоцирање на профилот од кој се ширеле заканите, македонската полиција веднаш стапила во акција. На 17 февруари 2026 година, специјалците извршиле синхронизиран упад во домот на осомничениот во Мала Речица и останале во шок од она што го пронашле.
Откриен вистински воен арсенал во семејната куќа
При претресот кај момчето и кај 89-годишниот Џ.Х. бил откриен магацин со илегално оружје. Полицијата запленила автоматска пушка со 40 куршуми, два пиштоли („М57“ и „CHEROKEE“) со вкупно над 600 куршуми од 9мм, тактички и борбени панцири, како и разни ножеви. Против 20-годишникот веќе е поднесена кривична пријава за тероризам, додека 89-годишникот ќе одговара за нелегално поседување на оружје и експлозивни материи.


