во ,

Стоп за кујнската хартија: Како несвесно го уништувате екранот на телевизорот?

Еден погрешен потег може да ве чини скапо: Зошто кујнската хартија е непријател број 1 на вашиот телевизор?

Во желбата брзо да ја отстранат прашината или дамките од прсти пред гледање филм, многумина прават кардинална грешка – посегнуваат по кујнска хартија и универзални средства за чистење. Британската потрошувачка организација „Which?“ предупредува дека оваа навика може трајно да ги уништи модерните LED и OLED екрани.

Зошто не смее да се користи хартија?

Супер Попуст -25%

Иако на допир делува меко, кујнската хартија има груби влакна кои на микроскопско ниво прават гребнатини врз заштитниот слој на екранот. Со тек на време, ова го уништува приказот на боите и острината на сликата.

Правилен начин на чистење (Чекор по чекор)

За да го зачувате телевизорот, единствената алатка што ви треба е крпа од микрофибер (иста како онаа за очила). Еве ја правилната процедура:

Исклучете го телевизорот: Оставете екранот да се излади пред чистење.

Без притискање: Бришете нежно со кружни движења.

Никогаш не прскајте директно: Течноста може да навлезе во рамката и да предизвика краток спој. Ако има тврдокорни дамки, напрскајте малку средство или вода на крпата, а не на екранот.

Метод во два чекора (Samsung совет): Прво поминете со благо навлажнета крпа, а веднаш потоа со сува за да нема траги.

За аглите: Користете компримиран воздух за да ја издувате прашината од процепите без допир.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај за „Зимзоленд“? Инспекциите наредија демонтажа, организаторите велат „продолжуваме“

„Манастирка“ – омилена велигденска торта за Свети Никола: Толку сочна и богата, а многу лесна за правење