
Дијаспората го зададе завршниот удар во корист на студентите
Според обработените податоци од речиси сите избирачки места во странство (92 од вкупно 93), Студентската листа освоила убедливи 72,71 отсто од гласовите, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила поддршка од 24,69 отсто. Во апсолутни бројки, за студентите гласале 57.668 избирачи надвор од Србија, наспроти 19.584 за листата на Вучиќ.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Членот на РИК, Иван Шебек, потврди дека со овој резултат Студентската листа добила уште еден дополнителен мандат, достигнувајќи вкупно 141 пратеник. Од друга страна, листата на Вучиќ загубила едно пратеничко место и сега брои 103 мандати. За апсолутно мнозинство во 250-членото српско Собрание се потребни 126 мандати.
Прегласување на 1 ноември поради нерегуларности
Гласањето ќе се повтори во недела, на 1 ноември, во периодот од 7 до 20 часот. Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, појасни дека гласањето се повторува на 31 избирачко место каде резултатите не можеле да бидат утврдени (вклучително места во Инѓија, Суботица, Шид и Кула), како и на 22 места каде гласањето било целосно поништено поради нерегуларности (меѓу кои во Земун, Крушевац, Нови Пазар и Лозница).
За повтореното гласање ќе бидат формирани нови избирачки одбори, чии членови не мора да бидат од истата општина.
„Повторувањето на гласањето на околу 50 од приближно 8.300 избирачки места нема значително да го одложи објавувањето на конечните изборни резултати. Збирниот извештај не може да биде изготвен додека не заврши повтореното гласање на сите спорни места“, појасни Шебек.


