во

Судење за грозоморни злосторства во Куманово: Трајче Бојковски призна дел од убиствата и изрази каење

Во Основниот суд во Куманово продолжи судскиот процес против Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства на жени и два обида за убиство, при што тој во својот исказ делумно ги призна делата и изрази каење.

Психијатриско вештачење: Обвинетиот е пресметлив

На предлог на обвинителот Љубомир Лапе, судот го сослуша вештото лице, специјалист психијатар и форензички психијатар, проф. д-р Стојан Бајрактаров. Тој ја анализираше здравствената состојба на обвинетиот и неговата способност да ја следи судската постапка.

Супер Попуст -25%

И покрај барањето на бранителот по службена должност, Тони Петковски, за доделување логопед или друго стручно лице поради тешкотии во говорот, судот и вештакот го одбија ова барање. Д-р Бајрактаров појасни дека кратките одговори на Бојковски се резултат на неговото образование и ограничениот фонд на зборови, а не на неможност да го разбере македонскиот јазик.

„Вештакот потврди дека кај обвинетиот не е утврдена никаква душевна болест или состојба што би барала психијатриско лекување, оценувајќи го како целосно пресметлив и способен да воспостави комуникација и да воочи опасност“, се наведува во вештиот наод.

Признанија, негирања и соочување со докази

За време на давањето исказ, Бојковски даде различни одговори за томерот на обвиненијата:

  • За настаните поврзани со Јанка Антевска од Драгоманце и Марија Маринковска од Старо Нагоричане, тој одговори потврдно и изјави дека се кае.
  • Во врска со настанот со Слободка Арсовска од Челопек, потврдил дека бил таму поради пари, но се исплашил од кучето и побегнал без да земе ништо.
  • За Мира Станковска од Челопек, најпрво негираше, но откако му беа презентирани биолошките траги пронајдени под ноктите кои се идентични со неговите, тој го призна делото и исто така изрази каење.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Остра реакција од СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции, а не за банда!

Тимчо Муцунски најави нови американски инвестиции: Засилен билатерален дијалог и раст на трговската размена со САД