
Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа што се случила во близина на Битола.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Во судирот учествувале четири патнички возила, потврдија од СВР Битола.
Несреќата се случила на три километри од Битола
Сообраќајката се случила на регионалниот пат Прилеп–Битола–Охрид, на околу три километри од влезот во градот.
На местото биле испратени повеќе возила на Итната медицинска помош. Повредените лица биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Битола.
Патот целосно затворен за сообраќај
Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола–Охрид е во прекин.
Екипа на СВР Битола врши увид и ги утврдува причините за судирот. Повеќе информации за учесниците и околностите под кои се случила несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата.


