
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе отвора ново поглавје во кариерата. Оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид во најмоќната и најпрестижна класа на европските ридски натпреварувања.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Со овој чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип на официјални меѓународни трки.
Редок болид од кој се произведени само 12 примероци
Иџе ќе управува со прототипот „Норма“, болид од кој, според него, во светот се произведени само 12 примероци. Новата машина веќе ја тестираше на Водно, местото каде што започнала неговата тркачка приказна.
„За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот ‘Норма’“, изјави Стефановски.
Тој нагласи дека станува збор за исклучително моќно натпреварувачко возило, чија технологија и перформанси ги спореди со оние кај болидите во Формула 1.
Нова класа и многу посилна конкуренција
Преминувањето во прототип категоријата носи сосема нов предизвик. Конкуренцијата е побројна, болидите се побрзи, а секоја грешка на тесните планински патеки може да биде пресудна.
„Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, порача Иџе.
Машина создадена исклучиво за трки
Прототипот е конструиран исклучиво за натпреварување. Има ултралесна шасија, моќен мотор, напредна аеродинамика и исклучителен однос меѓу тежината и силата.
Управувањето со ваков болид бара врвна физичка подготвеност, огромно искуство и максимална прецизност. Токму со него Стефановски ќе ја започне својата прва сезона во највисоката класа на европскиот ридски автомобилизам.

-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








