
Обид за бегство заврши со тешки повреди
Според официјалните информации од МВР, настанот се случил на 13 септември 2026 година, околу 12:30 часот, во селото Банско. Полициски службеници од ПС за граничен премин и граничен надзор Ново Село, заедно со колеги од Фронтекс, забележале товарно возило „форд транзит“ со струмички таблици, кое било натоварено со дрва и го управувало лицето Ф.И. (33) од истото село.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Кога полицијата се обидела да изврши редовна контрола, возачот нагло го придвижил возилото, удрил во полицискиот службеник од Фронтекс од Полска, а потоа се забил и во трактор „ИМТ“ управуван од Ѓ.М. (52) од Банско.
„При инцидентот, тешки телесни повреди здобиле полицискиот службеник од Фронтекс и возачот на комбето Ф.И., кои по итна постапка биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица каде им биле констатирани повредите.“
Увид на полицијата и притвор за осомничениот
Извршен е детален увид од страна на увидна екипа на СВР Струмица. При проверката на терен било утврдено дека возачот на тракторот Ѓ.М. управувал без положен возачки испит, додека главниот осомничен за нападот и илегалниот превоз на дрва, Ф.И., е веднаш лишен од слобода.
Од надлежните институции најавуваат дека по целосно документирање на овој сериозен случај, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни правни поднесоци.


