
Утре точно напладне Македонија влегува во целосна сообраќајна и економска опсада, откако 370 товарни возила синхронизирано ќе ги блокираат сите гранични премини во државата.
Овој радикалден чекор на превозниците значи дека товарниот сообраќај кон Европската унија и транзитот низ регионот ќе бидат целосно запрени. Според најавите, рампите ќе останат спуштени за сите камиони, освен за оние кои вршат итен транспорт на лекови, жива стока, експлозиви и муниција.
Битка против новите Шенген правила
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Револтот на транспортерите е директна последица на новиот, ригорозен систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната. Овие правила драстично го ограничуваат дозволениот престој на професионалните возачи од Западен Балкан, што практично им ја одзема можноста да ја работат својата работа.
Блокадите не се само македонски проблем – утре истовремено ќе се кренат и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, што ќе предизвика регионален колапс.
Ултиматум до Брисел: Има ли спас за економијата?
Билјана Муратовска од асоцијацијата „Макам-Транс“ испрати јасна порака до европските институции. Превозниците се спремни да протестираат седум дена, но нудат и рака за помирување доколку ЕУ веднаш започне преговори.
„Ако уште првиот ден се испрати сигнал за средби и решение, веднаш ќе ја прекинеме блокадата. Не сакаме да нанесуваме штета, но во спротивно, ќе се соочиме со префрлање на капиталот во земји од ЕУ, што може да доведе до колапс на целото домашно стопанство“, предупреди Муратовска.
Граѓаните кои патуваат со автомобили и автобуси засега можат да здивнат, бидејќи блокадата се однесува исклучиво на товарниот сообраќај, но економските последици од стоењето на стоката ќе се почувствуваат веднаш преку зголемени трошоци и потенцијален раст на цените.


