
ТРАМП: „Го откажав вториот напад на Венецуела – добивме нафта и мир!“
Војната во Венецуела е ставена на „пауза“, а причината е вредна 100 милијарди долари. Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата мрежа „Truth Social“ објави дека го откажал планираниот втор бран на воени напади врз оваа јужноамериканска земја.
„Големите нафташи влегуваат во игра“
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Трамп не крие дека економијата е клучниот фактор. Според него, САД и Венецуела сега одлично соработуваат, особено во делот на нафтената инфраструктура.
„Најмалку 100 милијарди долари ќе вложат ’ГОЛЕМИТЕ НАФТАШИ‘, со кои денес ќе се сретнам во Белата куќа“, напиша Трамп, најавувајќи модерна обнова на енергетскиот сектор.
Бродовите остануваат, затворениците си одат дома
Иако нападот е откажан, американската морнарица не се повлекува.
„Сите бродови ќе останат на место од безбедносни причини“, предупреди претседателот.
Како знак на добра волја („гест на мир“), властите во Каракас почнаа масовно ослободување на политички затвореници. Меѓу ослободените се:
- Росио Сан Мигел (познат бранител на човекови права).
- Енрике Маркез (поранешен претседателски кандидат).
- Странски државјани од Шпанија (Баскија и Канарски острови).


