во

Трамп со извршна наредба ги укина санкциите против Русија од „Законот на Линдзи Греам“

Американскиот претседател Доналд Трамп преку извршна наредба укина низа санкции, ограничувања и царини насочени против Русија, кои беа предвидени со неодамна донесениот „Закон на Линдзи Греам“. Овој потег доаѓа на само неколку дена пред мерките да стапат во сила.

Стопирани царини за руска нафта и гас

Законот, кој го носи името на починатиот републикански сенатор и голем поддржувач на Украина, предвидуваше во рок од 30 дена да се воведат царини во висина до 100 отсто за сите стоки што се увезуваат во САД од петте земји кои се најголеми купувачи на руска сурова нафта и гас.

Супер Попуст -25%

Во извршната наредба објавена од Белата куќа, Трамп навел дека го известил Конгресот на САД оти „укинувањето на овие ограничувања во овој момент е во национален интерес на Соединетите Држави“.

 

Телефонски разговор со Путин и реакции од Киев

Овој потег доаѓа по неодамнешниот телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, по кој американскиот претседател најави привремено ублажување на санкциите за увоз на руски дизел. Според неговите тврдења, тоа ќе доведе до брз пад на цените на рекордно ниско ниво.

Одлуката на Трамп предизвика негативни реакции во Киев и во Европската Унија, особено по неговите неодамнешни критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога сугерираше дека е време Украина да добие нов шеф на државата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос во Тирана: Над 150 повредени во насилните студентски протести, Рама обвинува странски сили

Охридското Езеро порибено со нови 100.000 пастрмки: Рибниот фонд и понатаму непознаница