
Турција најави драматичен пресврт: Ќе ѝ стане ривал на Кина во производството на ретки метали
Турција се стреми да биде еден од петте најголеми производители на ретки земјени елементи во светот, кои се клучни за електрични возила, батерии и висока технологија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган објави дека се откриени 694 милиони тони резерви на 10 ретки елементи и најави изградба на центар за нивна преработка. Министерот за енергетика, Алпарслан Бајрактар, ги отфрли критиките дека земјата ќе се претвори во рудник, велејќи дека рударството зафаќа само 0,1% од територијата. Турската асоцијација на рудари го поздрави потегот, наведувајќи дека во следните 3-5 години се очекуваат „големи трговски војни“ за суровини поради доминацијата на Кина.
Повеќе од само рудник: МАНУ предлага и Македонија да се промовира како „рударска нација“
Во контекст на овие глобални поместувања, домашните експерти, повикувајќи се на нацрт-стратегија од МАНУ, нагласуваат дека и Македонија треба да се постави како „рударска нација“ и „лидер во овој дел на Европа“ во истражувањето на минерали. Според Стратегијата, земјава има потенцијал за бакар, олово и цинк, но се соочува со фактот што нов сериозен рудник не е отворен во изминатите 40 години. Се очекува нов стимул преку најавените нови закони за рударство, кои би поттикнале инвестиции со запазување на безбедносните стандарди.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







