
Данската премиерка Мете Фредериксен порача од Минхен дека Трамп не се откажал од идејата за Гренланд, и дека темата останува сериозна и отворена.
Според Фредериксен, желбата на американскиот претседател за поголема контрола врз автономната територија што е дел од Данска не е променета, иако претходните закани со царини кон Европа биле повлечени, а воената опција јавно исклучена. Таа нагласи дека не го смета прашањето за затворено и дека пристапот на САД останува јасен и упорен.
„Нема цена“: линијата на Копенхаген е цврста
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
На директно прашање дали постои цена за која Данска би го продала Гренланд, Фредериксен одговори дека такво нешто не доаѓа предвид. Таа го спореди сценариото со идејата некој да „купи“ дел од друга држава, нагласувајќи дека суверенитетот не е трговска категорија, туку принцип што мора да се брани.
Разговори зад затворени врати, Гренландците велат „не“
Фредериксен потенцираше дека мора да се заштити правото на самоопределување и дека Гренландците биле јасни оти не сакаат да станат Американци. Во истиот контекст, се наведува дека САД, Данска и Гренланд водат разговори за иднината на островот зад затворени врати, а на маргините на конференцијата во Минхен Фредериксен и гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се сретнале со американскиот државен секретар Марко Рубио.


