
Внимателно ако патувате за дочекот: Блокиран патот кон ГП Ќафасан поради сообраќајка
АМСМ соопшти итна информација за возачите кои патуваат кон Албанија: поради сообраќајна незгода, сообраќајот кон граничниот премин Ќафасан е во целосен прекин во двата правци. Ова може да предизвика сериозни одложувања за оние кои планирале да ја поминат границата во овој дел од денот.
Измени кај Прилеп и затворена Галичица
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Покрај блокадата кон запад, има промени и во Пелагонија – на потегот Прилеп–Битола сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р1101. Надлежните апелираат на внимателно возење поради влажни коловози и можност од одрони, особено низ клисурите (Катланово–Велес, Маврово–Дебар). Потсетуваме дека патот преку Галичица е затворен, а зимската опрема е задолжителна.


