
Еден млад пар уживал во истражување на руралните делови на Ајова и наишол на несекојдневно откритие, кое го споделиле на мрежите и предизвикале бројни реакции.
На изолирана патека, во рамките на државна шума, тие откриле необична, напуштена градба – сместена во самиот рид, без мебел, чиј под бил покриен со гранки.
Користени и од доселениците
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Биле заинтригирани од откритието, па објавиле фотографии на Reddit и побарале помош за да го идентификуваат она што личело на колиба, пренесува Mirror.
Одговорите почнале да пристигнуваат набрзо, а корисниците во најголем дел сметале дека пронашле стар подрум за чување храна (root cellar), кој се користел пред појавата на електричната енергија, а кој некогаш често се градел во руралните делови на САД, особено на Средниот Запад.
„Овие градби се користат за чување храна во текот на зимата, а најмногу месо, јајца и зеленчук“, објаснила една личност.
Друга додала дека слични подруми користеле и доселениците од Скандинавија.

Преживеале во модерни верзии
Еден познавач на локалните обичаи открил дека објектот се наоѓа во подрачјето познато како Little Sioux, во рамките на државната шума на Ајова, и дека некогаш веројатно бил дел од стар имот со куќа и штала.
Експертите објаснуваат дека ваквите подруми биле градени под земја за да се искористи стабилната температура и високата влажност.
Денес се реткост, но понекаде и понатаму опстојуваат во модернизирани верзии.


