
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека годинава околу 14.500 првачиња ќе ја имаат својата прва средба со училиштето. Нивната настава ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе завршат порано, на 17 мај. Бројката на запишани првачиња сè уште не е конечна бидејќи рокот трае до крајот на септември, но веќе е евидентен драстичниот пад на ученици. Овој загрижувачки недостиг на деца директно се одразува врз целокупната организација на наставата.
Затворени училишта и укинати паралелки
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Поради недостаток на ученици, привремено се затвораат дури 26 подрачни училишта. Со оптимизацијата на училишната мрежа, целосно се укинати 433 паралелки, од кои 222 во основното и 211 во средното образование. И покрај овие радикални резови и затворање на објекти, министерката децидно тврди дека ниту еден редовно вработен наставник нема да остане без работа.
„Сега таквите паралелки ги обединивме и затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку, но тврдам дека ниеден редовно вработен наставник не е отпуштен.“
Милионски заштеди за учебници и нови асистенти
Во пресрет на 1 септември, Министерството набавило над 622 илјади учебници. Направена е заштеда од 50 милиони денари во споредба со претходните раководства. Набавени се целосно нови материјали за прво, второ, трето и осмо одделение, како и за втора година во гимназиите. Дополнително, во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти се воведува едносменска настава. За поддршка на учениците со посебни потреби, ангажирани се над 1.500 образовни асистенти низ државата.


