
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и иронично реагираше на социјалните мрежи.
Неговата реакција следува по најавите за можни нови мерки поврзани со демографијата. Тој ја посочи како апсурдна идејата за „данок на неженети“ и невенчани. Во својот статус, тој ја нарече Владата „патриотска“.
„Од патриотизам до апсурд: Данок на неженети!“
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – тоа е инспирација“, напиша Јакимовски, обвинувајќи ја власта дека наместо решенија, нуди нови давачки.
Предлог за нови даноци и порака до премиерот
Тој саркастично предложи и други „даноци“. Меѓу нив се данок на изгубени премиери, данок на купени дипломи, како и данок на партиски вработувања без соодветно знаење. Тој предложи и данок на фалсификувани безбедносни сертификати.
Јакимовски ја спореди ситуацијата со отоманскиот систем на оданочување. „Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија!“ порача тој. Со оваа објава, тој упати силна критика до Владата, обвинувајќи ја за популизам и отсуство на вистинска визија.


