
Данскиот тенисер Холгер Руне доживеа тешка повреда за време на полуфиналето против Иго Умбер на турнирот во Стокхолм.
Во еден од најтажните моменти на тениската сезона, младиот Данец се соочи со кошмар. Руне водеше со 1:0 во сетови и резултатот беше 2:2 во вториот, кога одеднаш почувствува остра болка. Веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда, бидејќи тој не можеше да застане на ногата.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Тој седна на своето столче, ја фати главата со рацете и почна неутешно да плаче, свесен дека не може да го продолжи мечот. Според првичните информации, се чини дека ја скинал Ахиловата тетива – една од најтешките повреди во спортот.

„Почувствував како нешто пукна“
Камерите го уловија моментот кога Руне, низ солзи, му рекол на својот тим: „Почувствував како нешто пукна“. Недолго потоа, тој беше изнесен од теренот, додека публиката во Стокхолм со аплауз му даде поддршка.
Неговиот противник, Иго Умбер, се пласираше во финалето, но тажната слика на расплаканиот Руне е главната вест од турнирот. Доколку се потврдат сомнежите за Ахиловата тетива, младиот Данец го чека долга пауза и макотрпна рехабилитација, што е огромен удар за неговата кариера во подем.
Not the ending anybody wanted 😔
Humbert progresses to the final as Rune retires due to injury at 6-4 2-2#BNPParibasNordicOpen pic.twitter.com/ptMV9ZkC4S
— Tennis TV (@TennisTV) October 18, 2025


