во

Џамбаски со нова провокација: Бара коските на Гоце Делчев да се вратат во Софија

Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски упати нов провокативен апел преку социјалните мрежи, барајќи посмртните останки на македонскиот великан Гоце Делчев да бидат вратени во Бугарија.

Скандалозно барање по враќањето на коските на Самоил

Познат по своите континуирани антимакедонски ставови, бугарскиот националист Џамбаски ја искористи актуелната тема со враќањето на коските на Цар Самоил за да упати ново контроверзно барање насочено кон македонската историја.

Супер Попуст -25%

Тој преку својот профил на социјалните мрежи порача дека посмртните останки на револуционерот Гоце Делчев, кои денес почиваат во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, треба да бидат пренесени назад во бугарската престолнина.

„По цар Самоил, сега е ред на Гоце Делчев да се врати во Софија – во Македонскиот дом, каде што почиваше сè до 8 октомври 1946 година, кога урната со неговите посмртни останки им беше предадена на Југославија од страна на национални предавници“, напиша Џамбаски во својата скандалозна објава.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Позициите остануваат далечни: Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија

Се бара доживотен затвор за кумановецот обвинет за четири убиства и некрофилија