
Трагедија го потресе швајцарскиот град во близина на Керцерс, откако најмалку шест лица загинаа во пожар што зафатил автобус и за неколку минути го претворил возилото во огнена стапица. Според сведоштва на очевидци, паниката започнала кога еден маж наводно се полил со бензин и се запалил во внатрешноста на автобусот, по што пламенот експресно се проширил низ кабината.
Очевидци опишуваат драматични сцени. Еден сведок со лице почернето од чад раскажал дека видел како мажот се запалил, а потоа огнот за неколку секунди се проширил низ возилото. Патниците почнале панично да бараат излез додека автобусот се претворал во огнена стапица.
Пожарот избувнал за неколку секунди
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Инцидентот се случил околу 18:30 часот по локално време, во близина на местото Керцерс, на околу дваесет километри од главниот град Берн. Според медиумските извештаи, пламенот бил висок неколку метри и можел да се види од голема далечина, додека густ облак чад се издигнувал над местото на несреќата.
Очевидците опишуваат дека сцената била хаотична. Луѓето врескале и се обидувале да избегаат, а пердуви од зимските јакни летале низ воздухот додека огнот брзо се ширел.
Кога пожарникарите пристигнале, автобусот веќе бил речиси целосно уништен. Од возилото останала само изгорена метална конструкција.
Полицијата ја истражува причината
Иако дел од сведоците тврдат дека трагедијата започнала со самозапалување на еден патник, полицијата засега не ја потврдува оваа верзија. Надлежните служби соопштија дека сите сведоштва се проверуваат, но дека истрагата сè уште е во тек.
Властите нагласуваат дека е прерано со сигурност да се утврди точната причина за пожарот и дали станува збор за намерен чин или за друг вид инцидент.
Шест жртви и неколку повредени
Во пожарот загинале шест лица, додека повеќе луѓе биле повредени. Според првичните информации, три лица се во критична состојба и се префрлени во болница. Вкупно пет лица биле повредени во трагедијата, меѓу кои четворица патници и еден болничар кој бил повреден за време на спасувачката интервенција.
За трагедијата се огласи и швајцарскиот претседател Ги Пармелин, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека властите ќе спроведат темелна истрага.
Трагедијата предизвика силен шок кај локалното население, а истрагата треба да утврди како пожарот што започнал во автобусот за само неколку минути се претворил во смртоносна катастрофа.
JUST IN: Man sets himself on fire on a bus in Kerzers, Switzerland, killing and injuring multiple people. – Blick/FOCUS pic.twitter.com/mC6Uihzo8A
— AZ Intel (@AZ_Intel_) March 10, 2026
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден








