
Над 158 илјади несакани реакции
Податоците од британскиот систем за пријавување „Yellow Card“ (Жолт картон) покажуваат шокантна бројка од повеќе од 158.000 пријавени сомнителни несакани ефекти поврзани со овие лекови. Најголем број пријави се регистрирани за тирзепатид (активната состојка во лекот Mounjaro), со дури 106.189 негативни реакции и 120 смртни случаи.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
За семаглутид (познат преку лековите Wegovy, Ozempic и Rybelsus) пријавени се 48.089 реакции и 59 смртни случаи, додека за лираглутид (Saxenda) има 4.491 пријава и 37 починати. Вкупно се работи за 216 смртни случаи поврзани со овие три активни состојки, иако MHRA предупредува дека овие пријави само укажуваат на сомнеж, а не на медицински докажана вина на лекот.
Тешки последици по дигестивниот систем и панкреасот
Голем дел од пријавените несакани ефекти се однесуваат на сериозни проблеми со дигестивниот систем, вклучително гадење, повраќање, дијареја и тежок запек. Дополнително загрижува фактот што за тирзепатид биле поднесени и над 2.000 пријави поврзани со психијатриски нарушувања и проблеми со нервниот систем.
„Како и кај сите лекови, безбедноста на лековите од групата GLP-1 постојано се следи. Претходно оваа година ги засиливме предупредувањата во врска со ризикот од акутен панкреатитис, вклучувајќи и ретки, тешки и фатални случаи“, изјави портпаролот на MHRA.
И покрај овие загрижувачки статистики, регулаторното тело категорично истакнува дека, врз основа на моментално достапните научни докази, придобивките од лековите од групата GLP-1 сè уште далеку ги надминуваат потенцијалните ризици, под услов тие да се користат строго во согласност со одобрените медицински индикации.


