
Викторија Спартц, републиканска конгресменка и единствена членка на американскиот Конгрес со украинско потекло, предизвика дебата со своите ставови за војната во Украина и улогата на претседателот Володимир Зеленски.
Според извештајот на британскиот Телеграф, Спартц изразила мислење дека Украина треба да размисли за отстапување на територии на Русија и евентуално замена на претседателот Зеленски за да се избегне целосна загуба на земјата.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Сепак, Спартц подоцна ги демантираше овие тврдења, обвинувајќи го Телеграф за погрешно претставување на нејзините зборови.
Во изјава за медиумите, Спартц директно го критикуваше Зеленски, нарекувајќи го „кретен и измамник“, а украинскиот парламент го опиша како „марионетски“. Таа изрази песимизам во врска со можноста Украина да ги врати териториите кои се под руска окупација, нагласувајќи дека „сегашната реалност на теренот е дека Украина не е во позиција да ги врати своите територии“.
Како решение, Спартц предложи привремено решение со помош на САД, кое би им дало време на двете страни да се регрупираат. Таа смета дека конечниот исход од војната ќе треба да се реши подоцна, а не само на бојното поле.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








