во ,

АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА: Магла со видливост до 50 метри на Плетвар и Крушево, влажни коловози низ земјата

Магла со видливост до 50 метри кај Плетвар и Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз. Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри, Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово – село Лисец до 80 метри, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Законска обврска за зимска опрема до 15 март

Супер Попуст -25%

Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.

Умерен интензитет на сообраќај, без задржувања на граници

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимание на котлини и клисури

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Охрид – Ресен затворен за сообраќај

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ: Температури од 1 до 7 степени низ Македонија

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 ЈАНУАРИ: Пристигнува најзанимливиот период досега за 4 знаци, добро се подгответе