
Ангелов информираше дека во моментов се активни шест пожари низ државата, но остро предупреди дека состојбата и натаму е алармантна, особено ако се земе предвид фактот дека само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани дури 27 пожари на отворен простор.
Човечкиот фактор како главна причина
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Стоејќи среде уништена природа, Ангелов упати директна порака до јавноста, потенцирајќи дека човечкиот фактор – без разлика дали е ненамерен или злонамерен – е главниот виновник за огнените стихии што ја пустошат земјата.
„Да не бил некој добар, но невнимателен човек, или некој лош, но злонамерен нечовек, оваа трева, грмушки и трње немаше да бидат пеплосани и црни. Ќе беа зелени и живи. Затоа внимавајте да не предизвикате пожар. Доволна е искра за вистинска катастрофа,“ порача Ангелов.
„Ер тракторите“ во акција на Жеден
Во меѓувреме, битката со пожарите продолжува со поддршка од воздух. Ангелов информираше дека врз пожарот на планината Жеден интензивно дејствуваат трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во обид да се локализира и изгасне огнената стихија на овој тежок терен.


