
Војна, поплави и манипулација со стихови
Современите „експерти“ за пророштва ги поврзуваат нејасните катрени на Нострадамус со најави за голем конфликт во Европа и период на невидена глобална нестабилност. На интернет масовно кружат и наводни стихови за екстремни суши, потопи и апокалиптични климатски промени.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Сепак, вистината е брутално едноставна: Нострадамус никаде експлицитно не ја споменува 2027 година. Најголемиот проблем со неговите предвидувања е тоа што тие се пишувани во метафори, па луѓето накнадно, откако нешто ќе се случи, ги приспособуваат неговите зборови за да одговараат на модерните трагедии. Дел од стиховите што денес се споделуваат за вештачката интелигенција и технологијата се дури и целосно измислени.
Математиката зад апокалипсата и папата Лав XIV
Зошто токму 2027? Тука приказната станува филмска. Оваа година всушност не доаѓа од Нострадамус, туку е резултат на спојување на неговите стихови со контроверзното „Пророштво на папите“, кое му се припишува на Свети Малахија од 12-от век. Според една натегната нумеролошка пресметка која ја зема 1585 година како средина на пророштвото и ѝ додава 442 години (колку што наводно трае првата половина), се доаѓа точно до 2027 година.
Она што дополнително ги распали теоретичарите на заговори е неодамнешниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква. Името на папата Лав XIV веднаш беше поврзано со симболиката на лавот во старите пророчки текстови, како и со последното пророштво за „Петар Римјанинот“ за време на чие владеење ќе биде уништен градот на седум рида (Рим).
„Ниту еден од овие древни текстови не кажува: папа Лав XIV, 2027 година и крај на светот. Врската е направена накнадно, преку сложувалка од нејасни стихови, оспорувани документи и модерна нумерологија.“
Додека мистериозните катрени остануваат доволно енигматични за секоја нова генерација во нив да ги проектира сопствените стравови, експертите се децидни – 2027 година нема да го донесе крајот на светот, туку само уште една шанса за вирални кликови и продажба на страв во дигиталната ера.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








