
Теорија на заговор: „Технологија произлезена од боиштата“
Инцидентот се случил во градот Илфракомб во англиската грофовија Девон, каде случаен минувач снимил маж и жена како се качуваат на столб од семафор и ги сечат каблите поврзани со напредните сензори за пешаци и следење на сообраќајот.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Набрзо било откриено дека станува збор за пензионери во нивните шеесетти и седумдесетти години, кои се дел од неформалната група позната како „Blade Runners“. Припадниците на оваа група жестоко се спротивставуваат на модернизацијата, тврдејќи дека новите семафори не служат за унапредување на животот, туку дека се всушност илегално оружје кое користи воена технологија.
„Според нивните апсурдни тврдења за кои не нудат никакви докази, технологијата вградена во семафорите претставува непосредна закана по животот и може да предизвика срцев удар, рак на мозокот, анксиозност, па дури и ненадејна смрт кога ќе се фокусира на одредена мета.“
Илјадници фунти штета и апсење
Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека уапсените пензионери предизвикале штета вредна неколку илјади фунти. Тие биле приведени под сомнение за оштетување јавен имот и загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, по што биле пуштени со кауција.
Овој случај е само еден од серијата пријави за оштетени семафори поврзани со интернет-заговорите во овој регион. И покрај бројните критики и исмејувања на социјалните мрежи, припадниците на оваа група порачуваат дека нема да се откажат, нарекувајќи се себеси „целосно разбудени“ – алудирајќи на нивното уверување дека наводно ги гледаат опасностите што остатокот од светот не ги забележува.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








