во

Важна информација за клиентите на Алта банка: Од денеска почнува исплатата на средства без картички во Битола

Граѓаните кои имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, од денеска можат да ги подигнуваат своите средства директно на шалтерите во главната филијала во градот.

Организирана исплата за пензионерите и примателите на социјална помош

За оваа намена, во главната филијала на банката на адреса ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 отворени се повеќе шалтери исклучиво за исплата на готовина. Мерката е особено насочена кон пензионерите и примателите на социјална помош кои ги добиваат средствата преку сметки во оваа банка, со цел олеснување на пристапот до сопствените средства, информираат од Народната банка.

Супер Попуст -25%

Максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели изнесува 20.000 денари. За да се избегнат големи метежи и долго чекање, филијалата од 6 ноември, вклучително и во сабота (7 ноември), ќе работи во две смени.

СМС-известувања и строг распоред за подигање на средствата

Исплатата ќе се одвива во тек на повеќе денови според претходно утврден распоред. Клиентите ќе добиваат СМС-порака со точно дефиниран ден и час кога треба да се појават во филијалата. Народната банка апелира граѓаните строго да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат пред време или во денови кога не се повикани.

За оние клиенти кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, дополнително ќе бидат обезбедени нови термини. Исто така, од Народната банка нагласуваат дека овие шалтери ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и на нив нема да се извршуваат други банкарски трансакции, а во тек се и подготовки за отворање слични шалтери во други градови ширум државата.

„Апелираме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата пред определеното време или во деновите кога не се повикани, со цел да се избегнат метеж и подолго чекање.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ: Со статусот на Пендаровски се потврди дека зградата во Влае е на семејството на Еролд Муслиу

Шок и неверување во Богданци: Жителите проговорија по трагичната смрт на двете млади лица во изгорениот автомобил