
„Вака изгледаат 60 години“: Една од најголемите икони на модната сцена во 80-тите, Паулина Порижкова, ја воодушеви јавноста со искрена објава во долна облека.
Чешко-американската супермоделкa, која неодамна наполни 60 години, сподели видео во кое го соблекува удобниот домашен мантил и позира само во долна облека, со цел да ја демистифицира идејата за вечно совршенство наметната од социјалните мрежи. Во искрениот опис, таа признава дека иако е „зависна“ од гледање видеа каде луѓето се дотеруваат, нејзината реалност најчесто подразбира седење пред компјутер и пишување. Нејзината цел е да ги охрабри жените да го прифатат своето „несовршено јас“ и да сфатат дека убавината не запира со годините.
„Нашите несовршености нè прават совршени оригинали“
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Порижкова, која испиша историја во 1988 година потпишувајќи го тогаш рекордниот договор од 6 милиони долари со „Есте Лодер“ и која беше првиот модел од Источна Европа на насловната на „Sports Illustrated“, денес го користи својот глас за да промовира љубов кон себе. „Ако гледајќи во моето тело си помислите: ‘Ах, ни таа не е совршена’, тогаш можете малку да здивнете и да си дадете љубов, бидејќи нашите несовршености нè прават совршени оригинали“, порача таа, предизвикувајќи лавина позитивни реакции.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








